1 Леле луѓе, страв да те фати. Од овие ВМРО-ДПМНЕ нема спас. Затоа што долга е раката на СДСМ. Ако некогаш со Бранко се вратат на власт ќе бидат исти, ако не и поголеми ВМРО-вци од овие сегашниве на Никола Груевски.
Штом некој отвори уста за внатрепартиски демократија и реформи, па макар тоа бил и Бучко, веднаш го прават предавник, со реторика на која дури и Влатко \орчев може да и позавиди. Тој толку лошо одамна не прозборел за некого во СДСМ како што отвори уста пратеничката Весна Бендевска. Зошто? Затоа што поранешниот премиер и нивни поранешен партиски лидер предложил наместо избори по делегатски систем, во СДСМ партиските функционери да се избираат со непосредни избори од членовите. Ако ништо друго, Бучко е единствениот од СДСМ што барем нешто предложил за пет години колку што се во опозиција.
Ама не смее. Оти долга е раката на СДСМ. И голема е устата на Весна Бендевска. Која има однапред напишан одговор на наместено новинарско прашање. Исто како прес-конференциите на министрите на ВМРО-ДПМНЕ.
Колку жестоко го читаше одговорот во кој го исплука Бучко, колку гнев и извираше од очите, само чекав момент кога ќе го повика Груевски да го врати Михајло Маневски за министер за правда за да има кој конечно да расчисти со нивниот сопартиец и поранешен лидер. За жал, не го повика.
И ние од нив чекаме демократија. Ќе се бореле против режимот на Груевски. Па тие не се спремни за реформа и демократизирање на својата партија, а не пак земјата да ја демократизираат.
2 Не е само Никола Груевски опсесија за Бранко. Секој од нив си има свој идол во ВМРО-ДПМНЕ. Бендевска, на пример, многу ми заличи на Силвана Бонева. Или, на онаа пратеничка што се фалеше дека и е чест што е послушник на Груевски. Игор Ивановски би бил одличен Мартин Протоѓер. Емилијан Станковиќ ќе дава изјави пред партијата исто како Бичиклиски. А Јани Макрадули треба уште малку да поработи на реториката за да го стаса Влатко Ѓорчев. Само за Илија Димовски нема замена. Таков експерт за сите прашања од областа на политиката, економијата, културата, уметноста, религијата, моралот и естрадата с уште не се појавил во редовите на СДСМ. Евентуално, Андреј Петров би можел да биде Димовски. А на другите двајца потпретседатели на партијата им ги заборавив имињата.
Стварно, а кои се?
Виде Бранко дека демократијата на Груевски одлично функционира и реши и СДСМ да стане новото ВМРО. И така да се вратат на власт. Ама, толку се очајни што мислат дека само со напишани изјави ќе ја освојат власта.
Има само една разлика меѓу Никола и Бранко. Никола сака с да контролира, ама спремен е и самиот да гори. И тоа и го кажува. И Бранко како него сака с да контролира. Ама спремен е сите околу него да ги изгори.
Како не им е јасно дека колку и да се трудат, од СДСМ, ВМРО не бидува. Тие сега не се ни карикатура на ВМРО. Тие се карикатура на самите себеси.
3 А за практицирањето на демократијата на ВМРО-ДПМНЕ не требаат ни дебати во Брисел, ни извештај на Стејт департментот, ни извештај на Европската комисија.
Видете само како се менува обичен урбанистички план за центарот на Скопје. Градоначалникот на Центар им вети на граѓаните дека ќе ја одложи точката на дневен ред на Советот за два-три дена. Ама Советот изгласа градење згради во пет сабајле.
Во Општина Центар градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Советот е од ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството советници се од ВМРО-ДПМНЕ. Што беше толку итно за промената на урбанистичкиот план да биде гласана во пет сабајле. Што ќе им фалеше да почекаат три дена? Ќе им пропаднеше бизнисот? Ќе изгубеа на курсни разлики?
Не. Не се ни трудат да глумат демократија. Толку се занесоа во моќта што им ја дава власта што најбрутално сакаат да ја покажат силата. Силна демократија.
4 Затоа, да сум на местото на Груевски не би бил многу среќен со ваква очајна опозиција. Тој навистина не треба да се плаши од овој СДСМ. Се виде дека не треба да се плаши ни од Бранко. Ама кога си толку долго на власт треба да се плашиш од своите гладни усти. Кога тогаш и тие ќе побараат да јадат.
5 Мора да има некоја многу голема риба од владејачката партија спремна за лустрирање штом Томе Аџиев никако не може да биде сменет од претседател на Комисијата за лустрација.
За с што се фатија, се луѓе што порано биле на власт најдоа за кодоши. Што? Во владејачката партија немало кодоши. Освен оној што го предал Гоце Делчев.
6 Не сум суеверен. Не верувам ни во натприродни сили. Ама кога во една недела н чукнаа два помали земјотреси си реков: Ни земјата веќе не може да крепи толку многу лошотилак, поделби, гнев и омраза. А толку малку луѓе.