БЕРЛУСКОНИ ИМА ДВОЈНА ПНЕВМОНИЈА ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС

    БЕРЛУСКОНИ ИМА ДВОЈНА ПНЕВМОНИЈА ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУСБерлускони синоќа бил префрлен во болница (Фото: АФП)

    Бившиот италијански премиер Силвио Берлускони, кој се наоѓа во болница откако имаше позитивен тест за коронавирус, има двојна пневмонија во рана фаза, објави државната агенција АНСА. Овој тип пневмонија ги напаѓа двете белодробни крила и го отежнува дишењето. Состојбата се среќава кај многу пациенти хоспитализирани со ковид-19.

    Осумдесет и тригодишниот Берлускони синоќа беше префрлен во болница во Милано, два дена откако неговата партија Форца Италија објави дека фатил коронавирус.

    „Откако му се појавиле некои симптоми, Берлускони беше примен во болница од претпазливост“, соопшти Форца Италија, додавајќи дека нема причини за загриженост.

    Телевизијата „Скај Италија“ објави дека Берлускони не е на интензивна нега, но има проблеми со дишењето. Позитивен тест имале и децата на Берлускони, Барбара и Луиџи, како и неговата најнова девојка Марта Фашина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира