Фонтаната на булеварот Маршал Тито во Струмица утрово осамна со пена, на денот кога се одбележува годишнина од ослободувањето на градот.
„Ова е срамота. Очигледно некој сака да биде интересен. Место да се чува урбаната опрема ние ја уништуваме. Одговорните треба да ги пронајдат сторителите, јавно да ги објават и да ги санкционираат“, реагираа струмичани.
Од струмички „Комуналец“ велат дека најверојатно во фонтаната е ставено одредено средство за перење што предизвикува пена. Тврдат дека тоа е дело на несовесни граѓани, случајот го пријавиле во полиција, а во текот на денов фонтаната ќе биде исчистена.
В. ТРАЈКОВ