Момчило Краишник, еден од лидерите на босанските Срби во времето на војната во БиХ и осуден воен злосторник, почина во Бања Лука на 75 години од последиците на коронавирусот.
Краишник беше првиот претседател на Народното собрание на Република Српска и еден од најблиските соработници на Радован Караџиќ. Тој беше уапсен во акцијата на француски специјалци во 2000 година, откако Хашкиот суд распиша потерница по него. Во 2006 година беше осуден на 20 години затвор за воени злосторства, но одлежа една третина од казната и излезе на слобода во 2013 година.