ВО ЈАПОНИЈА ЗА ПРВПАТ ИМА ПОВЕЌЕ ОД 80.000 СТОГОДИШНИЦИ, 88% ОД НИВ СЕ ЖЕНИ

    ВО ЈАПОНИЈА ЗА ПРВПАТ ИМА ПОВЕЌЕ ОД 80.000 СТОГОДИШНИЦИ, 88% ОД НИВ СЕ ЖЕНИ117-годишната Кане Танака годинава беше призната за најстар човек на светот (Фото: Кјодо)

    Бројот на Јапонци постари од 100 години за првпат е поголем од 80.000, покажуваат новите владини податоци, укажувајќи на забрзано стареење на севкупното население.

    Нивниот број пораснал за 9.176 во споредба со лани и сега ги има вкупно 80.450. Од нив, дури 88,2% се жени.

    Кога во 1963 година почнале да се следат овие податоци, во Јапонија имало само 153 стогодишници, а нивната бројка стана четирицифрена во 1981 година. Во 1998 веќе ги имало над 10.000, благодарение на унапредувањето на медицината и технологијата.

    Просечниот животен век во Јапонија е 87,45 години за жени, односно 81,41 за мажи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира