ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СЕ ПРАЗНИ ПОРАДИ ЧИСТЕЊЕ НА ИСТЕКОТ НА ЦРН ДРИМ ВО СТРУГА

    ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СЕ ПРАЗНИ ПОРАДИ ЧИСТЕЊЕ НА ИСТЕКОТ НА ЦРН ДРИМ ВО СТРУГАВо центарот на Охрид долж пристаништето и шеталиштето водата е повлечена неколку метри и се гледаат подводните треви и камења.(Фото: СДК.МК)

    Изминативе десетина дена намален е водостојот на Охридското езеро. Во центарот на Охрид долж пристаништето и шеталиштето водата е повлечена неколку метри  и се гледаат подводните треви и камења.

    Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) објаснуваат дека езерото се празни поради чистење на истекот на реката Црн Дрим во Струга.

    Од ЕСМ велат дека дозволените коти на Охридско Езеро се движат од 693.75 до 693.10 и во овој случај истекот бил до рамките на дозволеното. (Фото: СДК.МК)

    „На барање на изведувачот на работите за чистење на нанос од песок и друг материјал пред истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, АД ЕСМ обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница. Работите успешно завршија и денеска при кота на Охридското Езеро 693,17 м.н.в  заврши понатамошното намалување на нивото“, велат од ЕСМ.

    Чистење на езерото пред истекот на Дрим (Фото: ЗАНДОН)

    Од ЕСМ како ако имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, велат дека дозволените коти на Охридско Езеро се движат од 693.75 до 693.10 и во овој случај истекот бил до рамките на дозволеното.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира