КЛИНИКИТЕ САМИ ДА СИ НАЗНАЧАТ РЕДАРИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    КЛИНИКИТЕ САМИ ДА СИ НАЗНАЧАТ РЕДАРИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВООд 1 мај, со уредба на Владата, се казнува непочитување на Уредбата за носење заштитна опрема. Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица. - Деновиве на скопските клиники. (Фото: K. Попов)

    Пациенти без маски и гужви без запазување физичка дистанца се забележуваат низ скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Откако по шест месеци нефункционирање поради епидемијата на ковид-19 беше пуштен електронскиот систем „Мој термин“, лекарите од сите клиники се вратија на редовна работа и почнаа со прегледи и операции.

    Од Министерството за здравство велат дека испратиле допис до сите здравствени установи во кој е испратено барање до заедничките служби кои треба да постават редари за контролиран влез од Хирургија и Интернистичките амбиланти.

    Гужвите на Клиника почнаа откако беше пуштен „Мој термин“.  (Фото: K. Попов )

    „Додека пак сите останати здравствени установи се должни самите да назначат и постават редарска служба за влез во истите“, ни одговорија од кабинетот на министерот Венко Филипче.

    На прашањето дали имаат податоци колку лица на Клиничкиот центар се казнети за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, од Министерството за здравство нѐ упатија за одговор од Министерството за внатрешни работи.

    Здравствените власти постојано апелираат да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19. (Фото: K. Попов )

    Од МВР велат дека тие не се надлежни за казнување во кругот на Клиничкиот центар.

    Според последната статистика на МВР, во  текот на изминатото деноноќие, на територијата низ земјава за  неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.

    Здравствените установи се должни самите да назначат и постават редарска служба. – Аматерска фотографија

    Од 1 мај, со уредба на Владата, се казнува непочитување на Уредбата за носење заштитна опрема. Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира