ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ПРВИ ОКТОМВРИ ЌЕ РАБОТИ ОД 8 ДО 16 ЧАСОТ

    ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ПРВИ ОКТОМВРИ ЌЕ РАБОТИ ОД 8 ДО 16 ЧАСОТНа денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време кое досега беше од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30 часот. (Фото: Влада на РСМ)

    Од први октомври за сите вработени во државната управа ќе важи работното време од 8 до 16 часот, одлучи денеска Владата.

    На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време кое досега беше од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30 часот. Флексибилното работно време беше воведено од 1 септември 2017, а Владата тогаш образложи дека е за да се подобрат условите за вработените во јавната администрација и да се подобри процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира