ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНЧЕ ЏАМБАЗОВА“ НА ФЕСТИВАЛОТ НА КОМЕДИЈА

    ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНЧЕ ЏАМБАЗОВА“ НА ФЕСТИВАЛОТ НА КОМЕДИЈАЛукаревски во 2018 одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија. (Фото: К. Попов)

    Ѓокица Лукаревски, доајенот на македонското глумиште, препознатлив актер од голем број претстави, ТВ-драми, ТВ-емисии, радиоемисијата „Хихирику“ како и од филмови, е годинашен добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ која се доделува на Фестивалот на комедија Гола месечина, што го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром.

    На втората фестивалска вечер Лукаревски играше во претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, претстава со којашто во 2018 Ѓокица Лукаревски одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија.

    „Лукаревски е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во ‘Пресуда’, ‘Македонски народни приказни’, ‘Хихирику’“, велат од Театар Комедија.

    Лукаревски во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК во 2018 рече: „ Да се разбереме, немам добиено многу награди, што не ми претставува некаков хендикеп. Јас знам дека единствената моја награда е публиката која ме прима, ме перцепира онака како што јас би сакал да се случи, а тоа баш така се случува“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира