Доктор Александар Трајановски е нов директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), соопшти Министерството за здравсто. Д-р Трајановски доаѓа на местото на д-р Илир Хасани, кој неодамна беше назначен за заменик-министер за здравство.
Д-р Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011. Дипломирал во 2006 на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2012 завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.
Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р. Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.