КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ СИ ОБЕЗБЕДИЈА ДОМИНАЦИЈА ВО ВРХОВНИОТ СУД НА САД СО ИЗБОРОТ НА КОНИ БАРЕТ ЗА НОВА СУДИЈКА

    КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ СИ ОБЕЗБЕДИЈА ДОМИНАЦИЈА ВО ВРХОВНИОТ СУД НА САД СО ИЗБОРОТ НА КОНИ БАРЕТ ЗА НОВА СУДИЈКАТрамп се врати од митинг во Пенсилванија за да претседава со инаугурацијата на Барет во Белата куќа (Фото: АП)

    Конзервативците ја зацврстија својата доминација во американскиот Врховен суд за блиска иднина откако Сенатот го потврди изборот на Ејми Кони Барет за нова судијка, на местото на Рут Бејдер Гинсбург, која почина во септември. Тие на овој начин си обезбедија значајно мнозинство од 6:3 во деветчлениот суд и ќе имаат влијание врз обликувањето на јавните политики во следните децении.

    Спротивно на барањата на Демократите, номинацијата на Барет беше одобрена на една недела до претседателските избори во САД и тие немаа моќ да го спречат гласањето, при што не им помогна ниту одолговлекувањето на дебатата до максимум. Таа беше избрана со 52:48 во гласови, при што само еден од републиканските сенатори беше против. 

    Кога Трамп ја предложи Барет, тоа не беше изненадување за американската јавност и тој своевремено кажа дека ја чува токму за овој момент, по смртта на Бејдер Гинсбург. Барет (48) зад себе има угледна кариера како професорка и апелациска судијка и досега ги поддржуваше тврдите политики на Трамп за имиграцијата и за оружјето, а некои стравуваат дека конзервативците би можеле да ја искористат новата превласт во Врховниот суд за да ги укинат законите со кои се дозволуваат абортус и геј бракови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира