ЗАФРЛЕНАТА ДРЖАВА МАРШАЛОВИ ОСТРОВИ ГИ ПОТВРДИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    ЗАФРЛЕНАТА ДРЖАВА МАРШАЛОВИ ОСТРОВИ ГИ ПОТВРДИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСМаршалови Острови ги затвори своите граници уште во март со цел да се спречи внесувањето на вирусот (Фото: Гети)

    Маршалови Острови, едно од последните места на светот недопрени од коронавирусот, ги потврди првите позитивни случаи.

    Владата на оваа зафрлена пацифичка држава објави дека двајца вработени во тамошната американска база имале позитивен тест по враќањето од Хаваи. Тие пристигнале со воен лет и веднаш биле изолирани од остатокот на заедницата, па властите уверуваат дека нема опасност од поширокото ширење на вирусот.

    Маршалови Острови ги затвори своите граници уште во март со цел да се спречи внесувањето на вирусот. Повеќето пацифички држави го направија истотот, загрижени дека поради слабиот здравствен систем нема да бидат способни да се носат со заразата.

    Се верува дека Кирибати, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Тонга, Тувалу и Вануату се последните држави на светот во кои што досега не е регистриран коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира