ИАКО ИМА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ И ИТНАТА ПОМОШ ВО ВЕЛЕС РАБОТАТ БЕЗ РЕСТРИКЦИИ

    ИАКО ИМА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ И ИТНАТА ПОМОШ ВО ВЕЛЕС РАБОТАТ БЕЗ РЕСТРИКЦИИВо Велешката болница на Интерното одделение, каде имаше пациенти кои беа прифатени на лекување, а подоцна констатирано дека се позитивни, има позитивни двајца доктори и една медицинска сестра. (Фото: СДК.МК)

    Со зголемувањето на бројот на позитивни со ковид-19 во Велешко, се зголеми и бројот на позитивни здравствени работници. Има регистрирано доктори, медицински сестри, возачи на амбулантите возила на Итната помош. Најтешко се погодени Интерното одделение и Итната служба на Велешката болница, каде има регистрирано повеќе случаи.

    На Интерното одделение, каде имаше пациенти кои беа прифатени на лекување, а подоцна констатирано дека се позитивни, има позитивни двајца доктори и една медицинска сестра.

    „Работата се одвива тековно, имаме зголемен ангажман на останатите доктори, да се покрие недостигот. Има одреден број колеги и медицински сестри во цела болница кои се позитивни на ковид-19 , но мораме во интерес на здравјето на пациентите максимално да се ангажираме“, рече д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес.

    Во службата за Итната помош и домашно лекување има тројца доктори позитивни, двајца возачи на амбулантно возило и медицинска сестра.

    „Имаме по двајца доктори во смена, колку што е неопходно за непречено одвивање на работата. Таа засега се одвива нормално, пациентите се згрижени навремено и не се регистрирани проблеми“, вели Николче Димовски, директор на Здравствен дом Велес.

    Во Велешко до вчеравечер имаше регистрирано 505 активни ско коронавирус. Надлежните стравуваат дека оваа висока бројка може да го парализира животот во градот. Нема официјална бројка колку лица се во самоизолација.

    „Ако во просек секој позитивен пријавува по 4 контакти, тогаш во самоизолација се околу две илјади лица, плус позитивните, бројката стигнува до 2,5 илјади лица кои се дома. Тоа е висока бројка, која може лошо да влијае врз економскиот момент“, вели еден здравствен работник.

    За пет дена, кај 350 лица во Велешко беше констатирано дека се позитивни со ковид-19, а 10 починаа за седум дена.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира