ЕДНОКРАТНАТА ПОМОШ ОД 6.000 ДЕНАРИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НАМЕСТО НА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА

    ЕДНОКРАТНАТА ПОМОШ ОД 6.000 ДЕНАРИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НАМЕСТО НА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКАОколу 300.000 граѓани ќе бидат опфатени со еднократната финансиска помош од четвртиот пакет владини економски мерки (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните ќе добијат еднократна финансиска помош од 6.000 денари на трансакциска сметка место на платежна картичка во рамките на четвртиот пакет економски мерки за ревитализација на стопанството во пандемијата на коронавирусот. Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, додавајќи дека ова има за цел да ги намали гужвите пред шалтерите во банките, кои претходно се создаваа при преземањето на картичките.

    Околу 300.000 луѓе ќе имаат право на овие средства: освен пензионерите, во ранливите категории граѓани се вклучени и пасивни баратели на работа, корисници на право на социјална сигурност, лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и филмски и естрадни работници.

    Собранието вчера ги усвои Законот за финансиска поддршка на работодавачи и Законот за самостојни вршители на дејност, со што се создаде законска основа за почнување на спроведувањето на четвртиот пакет мерки.

    „Тие ќе овозможат илјадници работници да ги зачуваат своите работни места и да го задржат истото ниво на плата и во оваа криза“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Со овие мерки, фирмите ќе може да ги покријат платите на своите вработени за октомври, ноември и декември во висина до 21.776 денари, додека самостојните вршители на дејност ќе може да аплицираат за фиксна финансиска поддршка од 17.410 денари месечно.

    Бесими најави дека повторно ќе има викенд без ДДВ, а од 1 јануари ќе се намали ДДВ од 18% на 5% за занаетчиски и ресторански услуги.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира