ГРЧКИОТ СВЕШТЕНИК ЗАСТРЕЛАН ВО ЛИОН МИНАТАТА НЕДЕЛА БИЛ ВО ЉУБОВНА ВРСКА СО СОПРУГАТА НА НАПАЃАЧОТ

    ГРЧКИОТ СВЕШТЕНИК ЗАСТРЕЛАН ВО ЛИОН МИНАТАТА НЕДЕЛА БИЛ ВО ЉУБОВНА ВРСКА СО СОПРУГАТА НА НАПАЃАЧОТНиколас Какавелакис двапати беше застрелан од пушка пред својата црква на 31 октомври (Фото: ЕПА)

    Нападот врз грчки православен свештеник во Лион минатата недела не бил уште еден терористички напад, туку во прашање биле приватни мотиви, објавија обвинителите. Четириесетгодишниот напаѓач ѝ рекол на полицијата дека свештеникот имал афера со неговата сопруга.

    Николас Какавелакис (52) двапати беше застрелан од пушка пред својата црква на 31 октомври и тој се разбудил од кома во средата.

    Пукањето се случи само три дена по нападот во Ница, кога три лица беа убиени со нож во црква, при што на една од жртвите ѝ беше отсечена глава. Полицијата во прв момент мислеше дека овие два напада се поврзани.

    Истрагата направила напредок оваа недела, кога свештеникот се разбудил од кома и зборувал со полицијата. Напаѓачот, за кој се вели дека е грузиски државјанин, во петокот бил уапсен во својот дом.

    „Излезе дека тој е сопругот на 35-годишната Русинка, со која свештеникот имал љубовна афера“, изјавија обвинителите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира