Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 15.25 часот во близина на Гостивар. Епицентарот според податоците на Европско-медитаранскиот сеизмолошки центар бил на 19 километри југозападно од Гостивар, на 10 километри длабочина.
Утрово имаше земјотрес со јачина од 5 степени со епицентарот на 8 километри југозападно од Вруток, Гостиварско, поточно кај Мавровското Езеро. Оттогаш следуваа неколку помали земјотреси.
Посилните земјотреси беа почувствувани на поширока територија во Македонија и делови од Албанија, како и во главниот град Скопје.
Нема пријавено материјална штета.
На социјалните мрежи се споделуваат слики од одрон на патот Долно Косоврасти – Дебар, но засега редакцијата не може да ја потврди автентичноста на фотографиите.