ПРИНЦИПОТ НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ ЗА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ, ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ СО ДОГОВОРИ И ТРАКТАТИ, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИ

    ПРИНЦИПОТ НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ ЗА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ, ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ СО ДОГОВОРИ И ТРАКТАТИ, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИАртан Груби во име на Владата на Република Северна Македонија, им го честиташе на сите Албанци 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик. (Фото: Влада)

    Вицепремиерот Артан Груби кажа дека принципот на самоопределување за етничката припадност, јазик и идентитет не може да се утврди со договори и трактати, на одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

    Во говорот, Груби рече и дека судбините на нашите народи во нашата земја се меѓусебно поврзани, а заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграција.

    „Принципот на самоопределување за етничката припадност, јазик и идентитет не може да се утврди со договори и трактати, туку само врз принципите на божествениот закон“, кажа Груби, додавајќи дека методите и вредностите на 19. век не можат да се вратат во 21. век.

    На крајот говорот, Груби во име на Владата на Република Северна Македонија, им го честиташе на сите Албанци 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира