БРЕД ПИТ Е МНОГУ РАСТАЖЕН ПОРАДИ РАЗВОДОТ СО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"ЛосАнџелес,(Би-Би-Си)

    БРЕД ПИТ Е МНОГУ РАСТАЖЕН ПОРАДИ РАЗВОДОТ СО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ

    Актерот Бред Пит кажа дека е „многу растажен“ што неговата сопруга Анџелина Џоли поднесе барање за развод и побара да биде заштитена приватноста на нивните деца.

    „Многу сум растажен поради ова, но сега е најважно да им биде добро на децата“, изјави Пит за магазинот „Пипл“.

    „Љубезно ги замолувам медиумите да им дадат простор во овие предизвикувачки времиња“, додаде тој.

    Џоли (41), поднесе барање за развод од Пит (52) во понеделникот, наведувајќи „непомирливи разлики“ како причина. Нејзиниот адвокат Роберт Офер кажа дека одлуката била донесена „за доброто на фамилијата“. Џоли бара физичко старателство на шесте деца на двојката и бара од судијата да му дозволи на Пит право на посета.

    Шпекулациите растат во врска причините за разделбата, а еден весник тврди дека Џоли била „вознемирена од родителските вештини на Пит“.

    Долгогодишниот менаџер на Џоли, Гејсер Косински за „И!Онлајн“ кажа дека „Анџелина секогаш го прави она што е од најдобар интерес за нејзината фамилија“.

    Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон ја одбележа разделбата, соопштувајќи на Твитер дека восочните фигури од двајцата актери се одделени. Актерот од „Самрак“ Роберт Петисон изгледа дека е поставен меѓу нив.

    Пит и Џоли, познати под прекарот „Бранџелина“, се венчаа во 2014 година, десет години откако се сретнаа за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Тоа беше втор брак за Пит, откако претходно беше оженет за Џенифер Анистон, додека за Џоли беше трет по Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира