ПО ПАНАМСКИТЕ, СЕГА И БАХАМСКИ ДОКУМЕНТИ ОТКРИВААТ ПОЛИТИЧАРИ СО ВРСКИ ВО ДАНОЧНИТЕ РАЕВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:42:"Лондон,(Гардијан,ИЦИЈ)

    ПО ПАНАМСКИТЕ, СЕГА И БАХАМСКИ ДОКУМЕНТИ ОТКРИВААТ ПОЛИТИЧАРИ СО ВРСКИ ВО ДАНОЧНИТЕ РАЕВИ

    Пет месеци по објавувањето на Панамските документи, излегоа на виделина нови информации од светот на оф шор даночните раеви, кои содржат имиња на директор и акционери на околу 176.000 компании, трустови и фондации од Бахамите. Документите, до кои дојде германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ и ќе бидат споделени со јавноста преку датабаза за Бахамските документи, направена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

    Меѓу имињата во Бахамските документи се најдоа британскиот министер за внатрешни работи Ембер Руд и поранешниот европски комесар за конкуренција Нили Крос. Документите од островот, познат како „Швајцарија на Западот“, датираат од 1990 до 2016 година и во нив можат да се најдат премиери, министри, принцеви и осудени криминалци.

    Овие информации ќе бидат комбинирани со Панамските документи и други протечени оф шор документи за да се направи најголемата датабаза на оф шор субјекти. Датабазата со оф шор документи на ИЦИЈ сега содржи близу 500.000 субјекти поврзани со 200 земји и територии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира