Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешниот протест пред Министерството за надворешни работи кажа дека „нормално, не може да живее Зоран Заев“.
„Остануваме на блокадите, да живее Зоран Заев“, кажа првин Арсовски.
По мала пауза и тишина и едно дофрлување од публиката „седи мирен“, Арсовски побара од малкумината присутни на протестот да викнат „ууу“, за на крај да каже: „Нормално, не може да живее Зоран Заев, да живее Република Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протести во 20 градови, насловени „Оставка на Заев, слобода на народот“.