ЗА 10 ГОДИНИ 66 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ДОБИЈА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, СИТЕ СО ДОКАЗ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО, ВЕЛИ БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА АХЛАДОВА

    ЗА 10 ГОДИНИ 66 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ДОБИЈА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, СИТЕ СО ДОКАЗ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО, ВЕЛИ БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА АХЛАДОВАБугарската министерка за правда Десислава Ахладова денеска одговараше на пратенички прашања во бугарскиот парламент. (Фото: Министерство за правда на Бугарија)

    Бугарскиот весник „Дневник“ денеска објави дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци добиле бугарско државјанство, пренесувајќи ја изјавата на бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент, како одговор на пратеничко прашање. Во сите случаи, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло, додала министерката.

    Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година, барање за добивање бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски граѓани, а од нив 77.726 врз основ на бугарско потекло. За истиот период, со претседателски указ бугарско државјанство добиле 65.675 Македонци.

    Прашањето го постави пратеникот на владејачката ГЕРБ Христо Гаџев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира