19 ПОЧИНАТИ И НОВИ 982 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.805 ТЕСТИРАЊА ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

    19 ПОЧИНАТИ И НОВИ 982 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.805 ТЕСТИРАЊА ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСАБројот на активни случаи во моментов изнесува 22.203. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 982 случаи на ковид-19 од направени 2.805 тестирања, а починати се 19 лица, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи на ковид-19 се од Скопје-456, Куманово-24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.

    Од починати 19 лица, четворица се од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г) и еден пациент од Кратово (65г). 17 од нив се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.025, бројката на оздравени пациенти е 48.726, на починати е 2.096, а бројот на активни случаи изнесува 22.203.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 31554, активни 11425
    • Куманово 4231, активни 661
    • Дебар 547, активни 153
    • Штип 3045, активни 485
    • Прилеп 3643, активни 964
    • Тетово 4367, активни 998
    • Струга 1763, активни 458
    • Велес 2418, активни 692
    • Битола 2630, активни 911
    • Охрид 2016, активни 620
    • Кавадарци 1659, активни 626
    • Гостивар 3054, активни 845
    • Гевгелија 926, активни 282 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1994, активни 579
    • Крива Паланка 519, активни 125
    • Радовиш 512, активни 132
    • Крушево 152, активни 74
    • Кочани 1416, активни 261
    • Пробиштип 402, активни 66
    • Демир Хисар 218, активни 55
    • Македонски Брод 196, активни 37
    • Пехчево 119, активни 23
    • Берово 441, активни 95
    • Валандово 253, активни 60
    • Виница 417, активни 125
    • Делчево 598, активни 287 (169 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 172, активни 27
    • Свети Николе 968, активни 205
    • Кичево 1437, активни 381
    • Ресен 556, активни 187
    • Неготино 802, активни 364 (122 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.805 теста се преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-311, Биотек-257, МАНУ -213, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-9, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -862, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 363.021 тестирања на Ковид -19.

    Претходно, Министерството за здравство соопшти дека во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот, а вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

    По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на коронавирусот.

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.301 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира