ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА САД ВИЛИЈАМ БАР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО БАЈДЕН БЕШЕ ПОТВРДЕН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА САД ВИЛИЈАМ БАР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО БАЈДЕН БЕШЕ ПОТВРДЕН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛБар неодамна кажа дека нема докази за лажирање и нерегуларности на претседателските избори (Фото: Гети)

    Јавниот обвинител на САД Вилијам Бар, еден од најжестоките сојузници на Доналд Трамп, објави дека се повлекува од својата функција набргу откако Изборниот колегиум потврди дека Џо Бајден ќе биде нов претседател. Неговиот мандат истекуваше на 20 јануари, но Бар кажа дека ќе се повлече уште пред Божиќ. Веста ја потврди и самиот Трамп.

    Односите помеѓу двајцата се нарушија откако Бар минатиот месец изјави дека нема докази за лажирање и нерегуларности на претседателските избори.

    „Нашиот однос беше многу добар, тој заврши неверојатна работа“, изјави Трамп за Бар по неговата оставка.

    Досегашниот заменик јавен обвинител Џеф Розен ќе го менува Бар во наредните 30-ина дена. Официјално лице од Белата куќа изјави дека оставката на 70-годишниот Бар била негова лична одлука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира