Скопската Зоолошка градинка за прв пат доби пингвини. Од вчера жители на градината се три пингвини кои како што велат од Зоолошката ги добија првите оброци и остварија прв контакт со своите нови зоо негуватели. Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето.
„Првите три пингвини од Италија пристигнаа синоќа авионски во специјални кутии за ладење. Од Русија треба да пристигнат уште седум. После задолжителниот карантин ќе бидат пуштени во новоизграденото живеалиште и ќе можат да ги видат посетителите“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.
Пингвините ќе живеат во современо живеалиште направено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен.
Во Зоолошката градина пред еден месец стасаа и динасаурусите за Дино паркот, кои веќе се монтираат, а паркот ќе биде отворен за посетители кога тоа ќе го дозволи состојбата со коронавирусот.
„Се надеваме дека пролетва ќе може да го отвориме Дино паркот и верувам дека со новите содржи и животни кои ги донесовме ќе биде вистинска атракција не само за домашни туку и за странски гости“, додава Галетановски.
А. АНТЕВСКА