МАЈК ПЕНС УТРЕ ЈАВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА ПРОТИВ КОВИД-19, А ЏО БАЈДЕН СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

    МАЈК ПЕНС УТРЕ ЈАВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА ПРОТИВ КОВИД-19, А ЏО БАЈДЕН СЛЕДНАТА НЕДЕЛАБајден со јавното вакцинирање сака да ја зголеми довербата на јавноста во вакцините (Фото: АП)

    Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе ја прими вакцината против ковид-19 следната недела, кажаа од неговиот тим, додека властите се обидуваат да ја зголемат довербата на јавноста во имунизацијата.

    Од Белата куќа соопштија дека актуелниот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга Карен јавно ќе се вакцинираат утре. И Бајден ќе ја прими вакцината јавно, со цел да се укаже на нејзината безбедност.

    „Не сакам да одам преку ред, но сакам да му демонстрирам на американскиот народ дека е безбедно да се вакцинираат“, изјави 78-годишниот Бајден, кој поради својата возраст спаѓа во високоризична група.

    Тој вети дека борбата против коронавирусот ќе му биде приоритет откако ќе влезе во Белата куќа на 20 јануари.

    Што се однесува до Доналд Трамп, портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени, изјави дека тој ќе прими вакцина кога неговиот тим ќе одлучи дека е најдобро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира