Централниот дел на Хрватска беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,2 степени утрово во 6:28 часот. Следуваа низа послаби потреси, а во 7:50 часот областа околу Петриња беше погодена од уште два силни земјотреси. Нема повредени и загинати, но има урнати згради и оштетувања во најпогодените подрачја на Петриња и Сисак, каде жителите во паника се излезени надвор.
Првиот земјотрес, според извештајот на хрватската сеизмолошка служба, се случил во 6.28 часот, а епицентарот бил на 5 километри југозападно од Петриња. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 2 километри. Околу 7:50 часот истата област беше потресена од уште два силни земјотреси, еден со јачина од 4,7 степени и еден со јачина од 4,1 степени.
Во март, земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб, при што загина еден, а повредени беа 27 луѓе.