Антикорупциската комисија денеска ја усвои програмата за проверка на имотната состојба и конфликт на интереси за 2021 година, според кој треба да бидат проверени градоначалници, судии и владини функционери.
Во првиот квартал од следната година, според програмата, треба да се проверат 15 градоначалници и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Како што кажа претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска, не можат сите градоначалници да бидат опфатени, па ќе направат селекција во зависност од средствата со кои располагале.
Следни за проверка во вториот квартал, се предвидени судиите, а во третиот квартал ќе се прави проверка на владините функционери.
Катица Николовска од Антикорупциската комисија кажа дека за да ја реализираат програмата е потребно Собранието да ја усвои Националната стратегија за борба против корупцијата, како и да се имплементира Законот за заштита на укажувачи, но и јакнење на капацитетите комисијата.