Турција е загрижена околу развојот на настаните по претседателските избори во САД, а посебно за денешните немири во Вашингтон, каде што демонстранти влегоа во Конгресот, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
„Ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност и да бидат смирени. Веруваме дека САД ќе ја надмине оваа криза со зрело однесување“, се вели во соопштението.
Исто така, турското МНР ги повикува своите државјани да избегнуваат големи собири и протести во САД.
Приврзаниците на сè уште актуелниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, каде што имаше заедничка седница на Сенатот и Претставничкиот дом за потврда на победата на Џон Бајден на претседателските избори во ноември.