ТАНЧЕРКИТЕ НА ШИПКА САКААТ НА ОЛИМПИЈАДА ЗА ДА ГИ ПОБЕДАТ ПРЕДРАСУДИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Букурешт,(АП)

    ТАНЧЕРКИТЕ НА ШИПКА САКААТ НА ОЛИМПИЈАДА ЗА ДА ГИ ПОБЕДАТ ПРЕДРАСУДИТЕ

    Танчарките на шипка се издигаат високо, ги извиваат телата и прават шпаги наопачки, трудејќи се да бидат најдобри во своето поле.

    Меѓутоа жените кои се натпреваруваат на Светскиот шампионат во фитнес и акробации на шипка во Букурешт, главниот град на Романија, се соочуваат со предизвик уште пред да се фатат за шипката: борбата да ги убедат луѓето дека ова е напорен спорт што треба да биде вклучен во Олимписките игри, а не еротска точка што се случува во стриптиз клуб.

    tancerki-romanija-3

    Шестгодишната Дениса Преда настапи во детска конкуренција на шампионатот. (Фото: АП)

    Алијансата на родители од Романија рече дека романското државно финале на кое се натпреваруваат младинците е „чекор напред кон малолетна проституција“ и повеќе од 100 невладини организации ја потпишаа петицијата против настанот.

    На 16 септември кога се одржуваше светскиот шампионат имаше интервенција од полицијата. Полицајците заминаа откако разговараа со еден од организаторите и не беа преземени никакви мерки, рече организаторката Кристина Фит за „Асошиетед прес“.

    „Ова е нов спорт и често поради предрасуди луѓето се колебаат дали да го прифатат или не се многу запознаени со тоа“, рече таа.

    Фит се надева дека танцувањето на шипка ќе стане олимписки спорт.

    „Сакаме да покажеме дека ова е спорт. Има еволуирано многу од почетоците во клубовите во 60-тите.“

    Натпреварувачки од 12 земји, вклучувајќи ги Кина, Русија, Велика Британија, Италија и Романија, учествуваа во финалетово женска конкуренција што се одржа во Детската палата во јужен Букурешт.

    Имаше и финалиња во машка конкуренција и за двојки.

    Учесниците беа оценувани за костимите,тежината на акробациите и забавниот фактор на точките. Секоја точка трае од 3 и пол до 5 минути и е „комбинација од гимнастика, акробации и ритмичка гимнастика“, вели Фит.

    Наталија Татаринцева од Украина победи во женска конкуренција, Ке Хонг во машка, а титулата за двојки ја понесоа Ивет Дусол и Џејд Тинклер од Велика Британија.

    „Ова е вертикална гимнастика, прават шпаги вертикално. Жал ми е што луѓето во ова гледаат само обично танцување на шипка“, вели Фит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира