СЈО СОМНИЧИ ЧЕТВОРИЦА ЗА НЕЗАКОНСКО КУПУВАЊЕ ПРИСЛУШНА ОПРЕМА ПРЕКУ ФИРМАТА НА ПОЧИНАТИОТ КОСТА КРПАЧ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО СОМНИЧИ ЧЕТВОРИЦА ЗА НЕЗАКОНСКО КУПУВАЊЕ ПРИСЛУШНА ОПРЕМА ПРЕКУ ФИРМАТА НА ПОЧИНАТИОТ КОСТА КРПАЧ

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) покрена истражна постапка против три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од МВР со сомнение дека прибавиле имотна корист од правно лице регистрирано како ДТУ „Финзи“во вкупен износ од над 53 милиони денари, или над 862.000 евра, беше кажано на денешната прес конференција.

    Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека станува збор за основано сомнение дека пари од буџетот преку злоупотреба на функции и злоупотреба на буџетот се искористени за лично богатење.

    Управител на фирмата ДТУ „Финзи Дооел“ бил Коста Крпач, кој беше најден застрелан во својот стан во Скопје во април оваа година. Основното јавно обвинителство уште нема соопштено дали станува збор за самоубиство или убиство.

    Коста Крпач бил сведок на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира