ПРИЛЕПСКИОТ КОМБИНАТ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ДОГОВОРЕНИОТ ТУТУН ОД „ДАЛИЈА“, А ВИШОКОТ ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО 15 ФЕВРУАРИ

    ПРИЛЕПСКИОТ КОМБИНАТ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ДОГОВОРЕНИОТ ТУТУН ОД „ДАЛИЈА“, А ВИШОКОТ ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО 15 ФЕВРУАРИОд вчерашниот протест на кооперанатите на „Далија Табак“. (Фото: СДК.МК)

    Договорениот тутун на компанијата „Далија Табак“ ќе го преземе Тутунскиот комбинат од Прилеп. Ваков договор е постигнат на денешната средба со министерот Арјанит Хоџа, откако делчевската компанија не успеа да ги обезбеди потребните пари за да го отпочне откупот, а струмичките туунари вчера протестираа. Станува збор за околу 440 тони тутун за кој „Далија Табак“ има договори, но бидејќи нема пари откупните пунктови оваа сезона не ги отвори.

    Тутунксиот комбинат Прилеп ќе ги откупи договорените количини на ‘Далија Табак’. Самите ќе треба да се организираат во врска со преземање на договорите и начинот и динамиката на откуп“, соопшти по денешната средба Министерството за земјоделство.

    На средбата, откупните компании постигнале согласност да го откупат и вишокот на произведен тутун кој го имаат тутунарите надвор од договорите. Според договореното, тоа ќе се случи после 15 февруари кога ќе се има јасна слика колку тутун останал неоткупен.

    „На денешната средба беше договорено сите тутунари својот вишок да го пријават во подрачните единици на министерството за земјоделство за да може откупните компании да се организираат. Дадоа ветување дека ќе биде преземен сиот тутун од ланската реколта“, кажа Менде Стоманарски, претседател на Сојузот на тутунари, кој кажа дека во наредниот период ќе се зголеми и динамиката на откуп.

    Досега се откупени се околу 40 одсто од договорените количини тутун од ланската реколта. Просечната цена се движи околу 165 денари за килограм, поради што тутунарите постојано протестираат и реагираат на лошата проценка на квалитетот. Лани откупната сезона заврши со просечна цена од околу 220 денари за килограм

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира