Северна Кореја претстави нов тип на балистички проектил што се лансира од подморница, што од државните медиуми беше опишано како „најмоќно оружје на светот“. Неколку вакви проектили биле изложени на парада, што била надгледувана од лидерот Ким Џонг-ун.
Северна Кореја одлучи да ја покаже својата воена моќ неколку дена пред инаугурацијата на Џо Бајден и следува откако Ким ги опиша САД како најголем непријател на земјата.
Снимките што ги објавија државните медиуми покажуваат најмалку четири огромни црно-бели проектили, додека маса народ отпоздравува со знамиња. Аналитичарите забележуваат дека вакво оружје досега не е видено.
„Најмоќното оружје на светот, балистички проектил што се лансира од подморница, влезе на плоштадот едно по друго, демонстрирајќи ја моќта на револуционерните вооружени сили“, објави агенцијата КЦНА.
На настанот не беше виден најголемиот севернокорејски интерконтинентален балистички проектил, претставен на воена парада во октомври, за кој се верува дека може да испорача нуклеарен удар секаде во САД.