Машката ракометна репрезентација го доживеа својот најтежок пораз на светските првенства откако во второто коло на Мундијалот во Египет изгуби од домашната селекција со 38:19.
Египќаните од првите минути се наметнаа како поквалитетен тим. Македонија во 18. минута остана без Филип Кузмановски, кој доби директен црвен картон, а веќе во 28. минута беше во двоцифрена негатива, што до полувремето порасна на -14 (6:20). Во 42. минута, Египет првпат го зголеми водството на плус 20.
Досегашниот неславен рекорд на најдобрите македонски ракометари беше поразот од 14 гола разлика од Куба на Светското првенство во Египет во 1999.
И покрај двете катастрофални претстави против Шведска и Египет, Македонија и натаму има шанси за пласман во вториот круг, за што в понеделник ќе ѝ треба победа против Чиле.