СО ПАРИТЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ОПШТИНА ЧАИР КУПИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА

    СО ПАРИТЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ОПШТИНА ЧАИР КУПИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛАна сите возила од Итната медицинска служба се поставуваат ГПС уреди. (Фото:Министерство за здравство)

    Општина Чаир донираше две амбулантни возила на Здравствениот дом во Скопје. Возилата се купени со пренамена на парите планирани за новогодишно украсување на улиците во висини од 42.000 евра.

    Министерот Филипче, информираше дека во овој момент трае процедура за вградување на посебни инструменти за ГПС навигација, камери во сите возила во Здравствениот дом во Скопје.

    „За две недели ќе заврши целокупната инсталација и со тоа целосно ќе биде модернизиран и овој сегмент од Итната медицинска помош. Тоа значи дека во секој момент точно ќе се знае каде е возилото, каде е наоѓа, кога е испратено, за колку време ќе дојде од моментот на испраќање. Ова значи една многу значајна постапка за модернизација на возилата “, кажа Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира