ЗА 20 ГОДИНИ РЕК БИТОЛА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ОД ЈАГЛЕН, ПРВИОТ БЛОК ЌЕ СЕ ИСКЛУЧИ ЗА ПЕТ ГОДИНИ

    ЗА 20 ГОДИНИ РЕК БИТОЛА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ОД ЈАГЛЕН, ПРВИОТ БЛОК ЌЕ СЕ ИСКЛУЧИ ЗА ПЕТ ГОДИНИПоради ограничените количини на јаглен, блокот 1 ќе престане со производство за пет години. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Резервите јаглен во постоечките рудници на РЕК „Битола“, Суводол и Брод Гнеотино, не се доволни за работа на сите три блока на комбинатот кој е енергетски стожер во земјава. Поради ограничените количини на главниот енергенс за производство на струја, блокот 1 ќе престане со производство за пет години, додека векот на вториот блок ќе биде продолжен за десет, а на третиот за 20 години.

    „Сите три блока се во можност да бидат во функција, но резервите на јаглен во нашите постоечки рудници овозможуваат да работиме само со дел од овие блокови. Токму затоа се прави стратегија за РЕК, а тоа е блок 1 кој не е опфатен со претходната модернизација да биде исклучен во 2025/26 година. Од таа година да се овозможи изградба на когеренеративна гасна централа од 250 мегавати која ќе произведува електрична и топлинска енергија“, изјави Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ на пандел дискусијата „Визија за енергетска трансформација 2040“.

    Опстанокот на работата на другите два блока во следниот период од десет, односно 20 години, ќе биде врзан со ресурсите на јаглен. Бидејќи тие се недоволни во постоечките рудници, Ковачевски рече дека го работат рударскиот проект за нов рудник кај пелагониското село Живојно. Тоа е проект што се најавуваше подолго време. Претходната власт во 2011 година, на Денот на рударите соопшти дека дека вршеле доистаржување на јагленото наоѓалиште во Живојно и дека се планира отворање на рудникот со јамска експлоатација, но не го отворија.

    „Сметаме дека во следната 2022 година ќе ги добиеме првите количини јаглен од овој рудник. Блоковите 2 и 3 ќе продолжат во следnиот период да работат на јаглен и тоа блок 2 до 2030/31 година, а блок 3 до 2039/40 година“, рече Ковачевски.

    Со затворањето на блок 1 ќе се создадат услови за отворање когенеративна гасна централа која ќе дава електрична и топлинска енергија. Преку топловод, топлинската енергија ќе се спроведува во Битола, која е еден од позагадените градови во државата, па греењето на домовите наместо дрва, јаглен, а некогаш и и отпадни материјали ќе премине на топлинската енергија.

    Покрај когенеративната гасна централа во РЕК се планира и фотонапонска електрана со сила од најмалку 200 мегавати.

    Во 2019, Државната комисија за жалби по јавни набавки го поништи тендерот за избор на економски оператор за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола поради забелешки од формално-правен карактер. Ковачевски вели дека според А интергираната еколошка дозвола, филтрите треба да се реконструираат најдоцна до 2023 година, а постапката за десулфурiзацијата да заврши со 2026.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира