ТАЛЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ПРЕС КАДЕ ГО ЧЕКАШЕ ГЕРИЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ПРЕС КАДЕ ГО ЧЕКАШЕ ГЕРИЛА

    Битолскиот градоначалник Владимир Талески не се појави на најавената прес-конференција на спортското игралиште во село Логоварди каде го чекаше герила акција. Општинските служби најавија дека пресот за пуштање во употреба новото игралиште ќе го држи градоначалникот, но, по половина час чекање од страна на новинарите, изјавите ги дадоа вработени од општината.

    Додека траше пресот, група локални жители кои и претходно беа вклучени во други герила акции, до игралиштето оптегнаа транспарент со натпис „јужен фронт” и рекоа „му порачуваме на Талески да се навикне на тесен простор”. За време на пресот до игралиштето имаше полициско возило и полицајци.
    Од општинските служби не прецизираа зошто Талески не присуствуваше на најавениот прес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира