ОД ПЕТОК СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ ПО 14-ДНЕВНОТО КОВИД БОЛЕДУВАЊЕ

    ОД ПЕТОК СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ ПО 14-ДНЕВНОТО КОВИД БОЛЕДУВАЊЕ„Добро сум, 14 дена поминаа, практично без симптоми. Од петок ќе почнам со работа“, вели д-р Стевановиќ. (Фото: К. Попов)

    Директорката на Клиниката за инфективни болести д-р Милена Стевановиќ е во добра здравствена состојба по позитивниот ковид тест и од петок ќе се врати на работа, потврди таа за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Неколку медиуми попладнево објавија дека тројца лекари и една медицинска сестра од Клиниката се позитивни на коронавирус.

    „Добро сум, 14 дена поминаа, практично без симптоми. Од петок ќе почнам со работа“, ни изјави директорката.

    На нашето прашање уште колку колеги се заболени, директорката вели дека информациите се целосно депласирани.

    „Имам уште двајца колеги кои исто така се при крај со боледувањето, епидемиолошки неповрзани“, додава докторката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира