ВОЈСКАТА НА МЈАНМАР ГИ ПРИТВОРИ СИТЕ 400 ПАРЛАМЕНТАРЦИ ПО ВЧЕРАШНИОТ ПУЧ, НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ Е НОБЕЛОВКАТА СУ КЈИ

    ВОЈСКАТА НА МЈАНМАР ГИ ПРИТВОРИ СИТЕ 400 ПАРЛАМЕНТАРЦИ ПО ВЧЕРАШНИОТ ПУЧ, НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ Е НОБЕЛОВКАТА СУ КЈИВојската вели дека реагирала зашто владата ги игнорирала нејзините тврдења дека изборите во ноември биле наместени (Фото: АФП)

    Војската на Мјанмар ја презеде контролата врз целата земја ден откако изведе пуч и ја притвори нобеловката и фактичка лидерка Аунг Сан Су Кји, за која не се знае каде се наоѓа. Околу 400 парламентарци исто така остануваат притворени во владин комплекс во главниот град Јангон и не им е дозволено да излезат оттаму.

    Војската тврди дека нејзините акции се во согласност со уставот и останува нема на меѓународните критики. Американскиот претседател Џо Бајден се закани со обновување на санкциите кон Мјанмар, кои беа укинати во изминатата деценија. На улиците на Јангон животот се чини нормален и нема големо присуство на безбедносните сили, иако војската прогласи вонредна состојба, што ќе трае една година.

    Партијата на Су Кји, Национална лига за демократија, издаде соопштение во кое ја повика војската да ги почитува резултатите од парламентарните избори во ноември, на кои таа освои големо мнозинство.

    „Преземањето на власта од страна на шефот на армијата е спротивно на уставот“, соопшти партијата на Фејсбук.

    Пучот се случи откако избраните пратеници се собраа во Јангон за првата седница на новиот парламентарен состав. Војската вели дека морала да преземе нешто зашто владата не реагираше на нејзините тврдења дека изборите се наместени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира