Дванаесеттото издание на манифестацијата „Бела ноќ“ се одржа ноќеска во Скопје и централниот настан се случи на плоштадот „Македонија“, каде настапи француската трупа „Компани де Кидам“.
Дваесетина француски уметници од разни сфери приредија звучно-светлосен перформанс, а веднаш по нив настапи полската трупа „Театарот на осмиот ден“ со уличниот театарски перформанс наречен „Арка“.
Изложби на американски „Поп-арт“ беа поставени во Музејот на град Скопје, Музејот на современата уметност и Младинскиот културен центар. Во МКЦ имаше и целовечерен концерт, а во Градски парк имаше филмски маратон.