Тереза Меј формално ќе ги почне преговорите за Брегзит до крајот на март следната година, изјави британската премиерка за „Би-Би-Си“.
Соопштението на Меј за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, со што ќе почне формалниот преговарачки процес, значи дека Велика Британија, најверојатно, ќе ја напушти Европската унија до летото 2019 година.
Активистите за Брегзит повикуваа на активирање на членот 50 што е можно побрзо. Меј, која претходно само велеше дека тој нема да биде активиран годинава, ќе одржи говор за Брегзит на Конзервативната конференција, кој се одржува во Бирмингем. Зборувајќи во шоуто на Ендрју Мар, таа стави крај на шпекулациите околу распоредот на владата, велејќи дека членот ќе биде активиран во првиот квартал од 2017 година.
Референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ се одржа на 23 јуни годинава и резултатот беше 51,9 отсто за напуштање на ЕУ со излезност од 72 отсто од гласачите.