Судскиот совет едногласно ја разреши од судиската функција врховната судијка Лидија Неделкова на денешната седница.
По седницата, претседателот на Судскиот совет Киро Здравев за државната агенција МИА изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.
Неделкова има право на жалба на одлуката на Судскиот совет до Советот при Врховниот суд на Република Северна Македонија. Како што кажа Здравев, таа е разрешена за ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика.