ПЛАТФОРМАТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ПОБАРА ОД СПАСОВСКИ ДА ЈА ИСЧИСТИ ПОЛИЦИЈАТА ОД НАСИЛНИЦИ

    ПЛАТФОРМАТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ПОБАРА ОД СПАСОВСКИ ДА ЈА ИСЧИСТИ ПОЛИЦИЈАТА ОД НАСИЛНИЦИПлатформата му даде ултиматум на МВР да иницира промени во Кривичниот законик и да поднесе пријави за злоупотреба на личните податоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал, согласно 8 март. (Фото: СДК.МК)

    Платформата за родова еднаквост, заедно со организаторките на протестот за случајот Јавна соба и мрежа на здруженија кои што работат на унапредување на родова еднаквост побараа од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до 8 март да испорача конкретни резултати за заштита на жртвите, на денешната прес-конференција одржана пред МВР.

    „Од вас како министер очекуваме да ја реформирате полицијата во професионален сервис за граѓанките кој ќе овозможи ефикасна заштита на жртвите и прогон на сторителите. Исто така очекуваме и еден процес на чистење на полицијата од полициски службеници кои се сторители на насилство”, рече Бојана Јовановска, од Платформата за родова еднаквост.

    Јовановска потенцираше дека непостапувањето на полицијата е доказ за бројните недоследности на работата на Министерството и пропустите во однос на обезбедување на заштита на жените од родово засновано насилство.

    Платформата му даде ултиматум на МВР да иницира промени во Кривичниот законик и да поднесе пријави за злоупотреба на личните податоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал, согласно 8 март.

    На предвидениот марш по повод Денот на жената тие ќе побараат отчет од министерот.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира