99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП СЕ ЛЕКУВА ОД ИНФЕКЦИЈА И ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА

    99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП СЕ ЛЕКУВА ОД ИНФЕКЦИЈА И ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦАФилип беше задржан во болница пред една недела од претпазливост (Фото: Гети)

    Принцот Филип се лекува од инфекција и се очекува да остане во болница уште неколку дена, објави Бакингамската палата.

    Деведесет и деветгодишниот сопруг на Елизабета Втора беше задржан во болница минатиот вторник од претпазливост, зашто не се чувствувал добро.

    „Татко ми е многу подобро сега и се заблагодарува за убавите пораки од јавноста. Тој се надева дека наскоро ќе излезе од болница, што е многу позитивна работа“, изјави принцот Едвард.

    И Филип и кралицата имаат примено вакцина против ковид-19, а неговото хоспитализирање не било поврзано со коронавирус. Тие прославија 73 години брак во ноември, додека Филип во јуни треба да наполни 100 години.

    Филип се откажа од кралските задолженија во 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира