КАТАР ГИ УКИНА ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, А ДУБАИ ДО 1 НОЕМВРИ

    КАТАР ГИ УКИНА ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, А ДУБАИ ДО 1 НОЕМВРИ(Фото: Флај Дубаи)

    „Флај Дубаи“ и „Катар ервејс“ го одложија враќањето на редовните линии до Скопје најмалку до крајот на годинава.

    „Катар ервејс“ веќе некое време го одложуваше обновувањето на линијата Доха-Скопје и тоа нема да се случи ни во октомври, како што претходно беше планирано, откако беше прекината продажбата на билети. Авиокомпанијата соопшти дека оваа линија се суспендира на неодредено време, но дефинитивно нема да има летови пред 2022 година.

    „Флај Дубаи“ истовремено го одложи враќањето на летовите од Дубаи за Скопје. Тие требаше повторно да почнат на 28 март, а новиот датум е 1 ноември, но и тој не е сигурен.

    Овие линии најмногу ги користеа патниците кои транзитираат кон Австралија и Нов Зеланд каде што моментално е на сила забрана за влез за сите странски државјани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира