ЉУПКА МИ БЕШЕ ТИНЕЈЏЕРСКА ЉУБОВ, СЕ СЕЌАВА КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПО ВЕСТА ЗА СМРТТА НА ПЕЈАЧКАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЉУПКА МИ БЕШЕ ТИНЕЈЏЕРСКА ЉУБОВ, СЕ СЕЌАВА КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПО ВЕСТА ЗА СМРТТА НА ПЕЈАЧКАТА

    „Со Љупка Димитровска одевме заедно во Детската радиодрама на МРТ, и таа беше моја тинејџерска љубов. Многу ми се допаѓаше. Јас имав 15 години, а таа 13“, раскажува режисерот и актер Коле Ангеловски. „Беше црна и имаше голем нос. Се дружевме интензивно и поминувавме многу убаво време заедно зашто не ни плаќаа хонорари, но со Детската радиодрама летувавме во Иќиќи на Јадран или во Крушево. За да се направам дечко пред неа, една година во Крушево јас фатив три живи змии, ги ставив во кутија, и следниот ден и ги подарив на Љупка, за да ја импресионирам. Таа тогаш падна во несвест и не ми зборуваше цела година“, се сеќава Коле за раната младост и среќното детство во Скопје.

    Потоа вели, се разотишло друштвото, и тој со Зафир Хаџиманов веќе биле во Белград на Филмската академија. Но, Зафир и бил дечко на Љупка, а кога на една Нова Година се вратиле за новогодишната забава, Зафир се сплеткал со друга девојка од друштвото. „Љупка несреќна ме замоли да ја испратам од Еврејското маало, преку Вардар од другата страна, каде што живееше, на Плоштадот. Кога? Во еден миг се наведна сакајќи да се фрли од Камениот мост, и да се самоубие. Секакви работи и изнакажав, и некако ја испратив до дома. Потоа, таа замина за Загреб, се офарба руса, го оперираше носот, се омажи за Никица Калоѓера, и стана пејачка“, заврши Ангеловски во сеќавањето по веста за смртта на легендарната југословенска пејачка на шлагери, глас кои за овие простори потстеува на среќна младост.

    Потоа вели, се среќавале на снимања на шоу емисии за МТВ каде што некогаш и тој режирал кога Љупка настапуваше во популарното дуо со Ивица Шерфези.

    Хрватските медиуми се простуваат од омилената пејачка и пренесуваат сеќавања на колегите.

    Хрватските големи пејачки имиња Ксенија Еркер и Зденка Ковачичек за „Јутарњи лист“ се сеќаваат дека како млади пееле пратечки вокали за песните на Љупка кои се дистрибуирале во СССР, Источна Германија, Чешка, Унгарија, земји каде што таа била мегапопуларна. Композиторот Драго Диклиќ, ТВ уредникот Саша Залепугин, директорот на Кроција рекордс Желимир Бабогредац, сите се единствени во сеќавањата дека Љупка беше голем професионалец, симпатична, позитивна, насмеана и весела личност која имаше силен глас и вокални спосбности што ги криеа нејзините навидум лесни, певливи и весели композиции.

    Љупка Димитровска почина завчера по кусо и тешко боледување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира