ХОЛАНДСКИ ДИЗАЈНЕР ПРЕТСТАВИ ПРОЕКТ КОЈ ГО УНИШТУВА КОРОНАВИРУСОТ НА ЈАВНИ МЕСТА СО УВ-СВЕТЛО

    ХОЛАНДСКИ ДИЗАЈНЕР ПРЕТСТАВИ ПРОЕКТ КОЈ ГО УНИШТУВА КОРОНАВИРУСОТ НА ЈАВНИ МЕСТА СО УВ-СВЕТЛОДан Розегард се надева дека инсталацијата ќе најде примена на музички фестивали и други настани ова лето

    Холандскиот дизајнер Дан Розегард ја отвори својата нова уметничка инсталација во која користи ултравиолетово светло за да го намали количеството на коронавирус во воздухот.

    Розегард ја почнал работата на проектот „Урбано сонце“ во 2019, пред пандемијата, но откако некои истражувања покажаа дека ултравиолетово светло може да биде ефективен убиец на коронавирусот и други вируси, тој побрзал да го заврши. Во негова изработка учествуваа и експерти и научници од Холандија, САД, Јапонија и Италија.

    „Урбано сонце“ се состои од голем светлечки круг на УВ-светлина, со бранова должина од 222 нанометри, која служи како дополнителен слој на заштита. Розегард се надева дека неговата инсталација ќе најде примена на музички фестивали и други настани ова лето, откако мерките ќе бидат олеснети.

    „‘Урбано сонце‘ нема за цел да биде ултимативно решение, туку едно од решенијата. Со овој проект, за неколку минути, местата можат да се направат 99,9% чисти од вирусот, што значи дека шансите да се заразите се крајно мали“, вели Розегард,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира