По повод 11 октомври, Денот на почетокот на антифашистичката борба, утре во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува”.
Маршот е организиран од опозицијата и од неколку познати граѓански активисти. Маршот ќе започне од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосницата на улиците „Рузвелтова“ и „Партизанска“ во 14 часот.