НОВ ЗЕЛАНД ВОВЕДЕ ТРИДНЕВНО ОТСУСТВО ЗА РОДИТЕЛИТЕ ПО СПОНТАН АБОРТУС ИЛИ МРТВОРОДЕНО ДЕТЕ

    НОВ ЗЕЛАНД ВОВЕДЕ ТРИДНЕВНО ОТСУСТВО ЗА РОДИТЕЛИТЕ ПО СПОНТАН АБОРТУС ИЛИ МРТВОРОДЕНО ДЕТЕПратеничката Џини Андерсон вели дека ова ќе им овозможи период на жалење на родителите без да користат денови за боледување (Фото: Гети)

    Новозеландскиот парламент едногласно изгласа закон со кој на мајките и нивните партнери им се дозволува тридневно отсуство од работа по спонтан абортус или мртвородено дете. Пратеничката од Лабуристичката партија Џини Андерсон, која го предложи законот, вели дека ова ќе им овозможи период на жалење на родителите без да користат денови за боледување.

    „Тагата која доаѓа по спонтан абортус не е боледување. Тоа е загуба за која треба време, време да се зацели физички и ментално, време за зацелување со партнерот“, изјави Андерсон.

    Законот се однесува на родители, нивни родители и на родители кои планираат да имаат дете преку сурогат мајка или посвојување.

    Според пратеничката на Зелените, Џен Логи, секоја четврта жена во Нов Зеланд искусила спонтан абортус, при што 200.000 жени годишно губат бременост преку спонтан абортус или мртвородено дете.

    „Тоа е неверојатно нормално искуство, но нормално не значи лесно или без болка. Преку молчење и стигма, жените долго време беа принудени да се преправаат како никогаш да не се случило“, кажа Логи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира