САМСУНГ ЈА СТОПИРАШЕ ПРОДАЖБАТА НА „ГАЛАКСИ НОУТ 7“ ПО НОВИТЕ ИНЦИДЕНТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"СанФранциско,(АП)

    САМСУНГ ЈА СТОПИРАШЕ ПРОДАЖБАТА НА „ГАЛАКСИ НОУТ 7“ ПО НОВИТЕ ИНЦИДЕНТИ

    Самсунг соопшти дека ја запира продажбата на телефонот „Галакси Ноут 7“ по серијата запалувања на новите апарати коишто требаше да бидат безбедни замени за повлечените модели. Компанијата вели дека корисниците со првичните апарати или со замените што ги добија треба да ги исклучат телефоните и да бараат поврат на средствата или да ги заменат за други модели.

    Соопштението доаѓа по неколкуте нови инциденти со прегревање минатата недела и претставува уште еден удар за најголемиот производител на паметни телефони во светот. Американската организација за заштита на потрошувачите кажа дека истражува пет инциденти со запалување или прегревање откако компанијата соопшти дека ги повлекува телефоните минатиот месец.

    Водечките мобилни оператори веќе најавија дека ќе престанат да ги дистрибуираат новите „Галакси Ноут 7“ телефони.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира