ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА НОБ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА НОБ

    Битолскиот градоначалник Владимир Талески не се појави на чествувањето по повод 11 Октомври во Битола.
    Тој не беше во општинската делегација која претпладнето положи цвеќе пред споменикот на НОБ и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов во Битола. Чествувањето, како секоја година го организираше општината, но на настанот почит да оддаде кон партизаните го немаше Талески.
    Градоначалникот пред две недели не се појави и на друг најавен настан, на пуштањето на игралиштето во Логоварди, каде се подготвуваше герила акција.
    По ова, пресовите ги држеше во својот кабинет.
    На чествувањето по повод 11 Октомври присуствуваа претставници од Сојузот на борци, Советот на општината, политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, како и од  и Левица чии претставници изрецитираа и песна за херојот Стив Наумов.
    Цвеќе на спомениците на паднатите партизани во НОБ положија и претставници на здружението Тодор Александров од Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира